mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Во Гевгелиско се расчистуваат одводните канали и речните корита

Во Гевгелиско се расчистуваат одводните канали и речните корита

Типографија

Општина Гевгелија продолжува  да ги чисти одводните канали и речните корита што по обилните врнежи можат да предизвикуваат штети на земјоделски посеви долж нивното течение.

Посебен акцент, информираат од Општината, се става на расчистување на коритото на Сува Река, чиј зголемен водостој лани предизвика штети на мостот што ги поврзува двете крајбрежја. Акцијата се изведува континуирано поради тоа што на јужното крајбрежје се наоѓа и привремениот транзитен центар за бегалци „Винојуг“.

Се расчистуваат и коритото на  Мрзенска Река и одводниот канал кој минува низ градот Гевгелија. Според надлежните од Општината било извршено машинско чистење и на каналите во населените места Милетково, Богородица и Негорци.

За сите зафати околу чистењето и редовното одржување на каналите и речните корита, општина Гевгелија обезбеди околу 5,4 милиони денари од кои дел се финансиска подршка од УНХЦР.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS