mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Велешани ќе имаат доволно вода ова лето

Велешани ќе имаат доволно вода ова лето

Типографија

Граѓаните на Велес кои се снабдуваат со вода од хидросистемот Лисиче во претстојното лето ќе имаат доволни количества вода за пиење и за другите потреби.

Ова го потврди Боби Пановски, директорот на јавното претпријатие што управува со хидросистемот.

  • По топењето на снеговите од масивот на планината Јакупица, нивото во Езерото од акумалацијата Лисиче е покачено за повеќе од пет метри, што значи дека граѓаните на Велес ќе имаат доволно количества вода во претстојното лето. На северните страни од планината се уште има снег и топењето трае до средината на мај, односно до почетокот на јуни, во зависност од временските услови, па акумулацијата и понатаму се дополнува со нови свежи количества вода - информира Пановски.

Тој воедно информира дека вчерашната кота на акумулацијата е 411,85 метри надморска височина, што значи дека до највисоката кота од 423 метри за понатамошно полнење со вода остануваат уште 11,15 метри.

Инаку од акумулацијата на хидросистемот Лисиче со понатамошно прочистување на водата во филтер-станицата, односно во фабриката за вода во Велес, со квалитетна и здрава вода се снабдуваат околу 60 илјади жители на Велес и на околните населени места, што е и приоритетно во нејзината работа, велат од управата. Тие информираат дека од оваа акумулирана вода од се наводнуваат и земјоделските површини на земјоделците во реонот на Општина Чашка, каде што се наоѓа акумулацијата. Хидросистемот беше пуштен во употреба во септември 2007 година, а се изгради во најголем дел со самопридонес на граѓаните на Велес. Изградбата на акумулацијата со сите придружни зафати и водозафатната кула, започна во 1987 година и траеше цели 20 години.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS