mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Акција за хортикултурно уредување на Куманово

Акција за хортикултурно уредување на Куманово

Типографија

Екипите на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ од Куманово насадија 500 листопадни и зимзелени садници и украсни грмушки, а околу 64 илјади расади на цвеќе се насадени на површина од 2.558 метри квадратни во градот.

Листопадните, зимзелените садници и украсните грмушки се насадени на плоштадите, булеварите, кај спортската сала, Спомен Костурница, градските паркови, Ловечкиот дом и повеќе улици во градот.

  • До крајот на пролетната сезона планираме да засадиме уште 250 терени со приближно 200 зимзелени садници низ градот, изјави Благица Јовановска, раководител на техничко-тенолошки сектор.

Таа апелира до граѓаните совесно да се однесуваат кон садниците и цвеќињата бидејќи дел од садниците на улицата 11 Октомври веќе се уништени од страна на несовесни граѓани.

Јовановска посочи дека сите садници и цвеќиња се сопствено производство на расадниците кои фунцкионираат во рамки на претпријатието.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS