mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Дефект на цевка ги поплави куќите и земјиштето во кумановско Проевце

Дефект на цевка ги поплави куќите и земјиштето во кумановско Проевце

Типографија

Подрумски простории, дел од куќи, земјоделско земјиште, автомобили на жители од кумановското село Проевце, се поплавени и оштетени поради дефект на полиетилиенска цевка сопственост на јавното претпријатие „Водовод“.

Жителите информираа дека ваква поплава имале пред една недела. Претседателот на месната заедница на село Проевце, Аце Петковски изјави дека проблемот е поодамнешен и дека претходно им се случувале слични проблеми, но дека овој пат штетите се поголеми.

Жителите нема да дозволат овој пат санација на цевката, туку поставување на нова. Оваа цевка ја носи водата од алтернативниот извор Проевце со која со вода се снабдуваат високите зони од градот.

Директорот на ЈП „Водовод“,Горан Стојковски изјави дека оваа цевка е поставена во 2005 година во рамки на тогашен проект и наместо челична поставена била полиетиленска цевка. Tој нагласи дека ниту е поставена на соодветна длабочина, ниту на соодветен начин.

  • Веќе е распишан тендер за замена на оваа полиетиленска цевка со нова челична цевка која ќе има поголем профил во однос на сегашната и ќе издржи притисок до 100 бари - посочи Стојковски.

Тој потенцира дека поради несоодветната поставеност секогаш кога ќе помине тешко возило се јавува проблем од ваков карактер. Во програмата на претпријатието за работа за годинава предвидена е замена на полиетиленската цевка со челична и како што најави Стојковски, таа ќе биде во должина од 300 метри и ќе поминува низ целото село.

Тендерот е завршен на 24 март годинава. На понудата се јавиле две фирми „Енергомонт“ Скопје и „ФЗЦ 11 Октомври“ од Куманово. На тендерот избрана е скопската фирма и течат роковите за жалба од пет дена, а по завршување на правната процедура, наредниот месец ќе се почне со првите работи, замена на 140 метри полиетленска со челична цевка.

Стојковски информираше дека ги контактирал надлежните од „Кумановско - Липковско поле“ и било упатено барање за добивање дополнителни количини на вода за време на престојниот викенд, а во моментов има доволно колични на вода за нормално водоснабдување на жителите од високите зони на градот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS