mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Урбанизацијата на селото Николиќ приоритет за општина Дојран

Урбанизацијата на селото Николиќ приоритет за општина Дојран

Типографија

Урбанизацијата на селото Николиќ ќе биде еден од приоритетите на општината со цел да се овозможи продажба на парцели за изградба на викендици и развој на туризмот за што постои голем интерес, најавија од општина Дојран.

  • Проектот за урбанизација на Николиќ кој има крајбрежје со идеални услови за развој на туризмот, се наоѓа во завршна фаза и скоро ќе биде готов - потврдија од Секторот за урбанизам.

Оттаму потенцираа дека покрај ова се размислува да се урбанизира и просторот околу плажата за изградба на современ авто камп по примерот на своевремено познатиот автокамп „Ачикот“ кој беше подигнат на истиот простор. Во околината на Николиќ почна да се гради и најавената плажа со должина од 100 метри која ќе се протега до границата со Грција.

За реализација на овој проект општина Дојран доби 6,3 милиони денари преку Центарот за развој на југоисточниот плански регион. Се очекува плажата да биде готова до почетокот на летото.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS