mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Општина Карбинци со европски пари ќе го санира корито на Козјачка река

Општина Карбинци со европски пари ќе го санира корито на Козјачка река

Типографија

Коритото на Козјачка река која поминува низ селото Карбинци ќе се санира со европски пари.

Ова го најавија градоначалникот на општина Карбинци Зоран Минов и претставници на бугарската општина Струмјани.

Минов нагласи дека преку Програмата за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, општините Карбинци и Струмјани добија заеднички проект за санирање на речните корита во општините. Општина Карбинци од Фондовите на ЕУ добива грант од 179 илјади евра, а со санирањето на коритото на Козјачка река ќе се заштити населението од поплави.

Тој потенцира дека пред две години надојдените води од планината Плачковица направија голема штета на корито, а еден дел од патот беше и разрушен. Штети имаа и жителите и неколку фирми во селото Карбинци.

  • Со релизација на овој проект ќе можеме да ја зголемиме безбедноста, да го уредиме речното корито и да направиме голем бенефит за самото село Карбинци, но и за нашата општина - рече Минов.

Проектот предвидува чистење долж течението на реката, отворање на постоечките каскади и изградба на регулирано речно корито со заштитни бетонски ѕидови долж 250 метри. Дополнителни 200 илјади евра се наменети за регулирање на речното корито на Шашка река во општина Струмјани, Република Бугарија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS