mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Во Југохром продолжува изградбата на системот за отпрашување

Во Југохром продолжува изградбата на системот за отпрашување

Типографија

Во комбинатот Југохром Алзар од Јегуновце продолжува изградбата на филтер станицата за отпрашување.

Според генералниот директор на Југохром Васко Скендеровски, на овој начин се покажува залагањето на менаџерскиот тим околу изградбата на филтер станицата за отпрашување. Таа според најавите ќе има основа со габарит од 600 метри квадратни, со височина како десетокатница и со предвидениот систем за отпрашување 99 отсто од зафатените гасови ќе бидат прочистени.

  • По добивањето на дозволата за градба во јули минатата година што беше многу задоцнето поради административните проблеми ние неколку месеци интезивно работевме на овој проект. По паузата поради зимскиот период сега продолжуваме со активностите. Системот за отпрашување не е само поставување на некакви филтри на фабричките оџаци, туку е комплексен чин и проект за изградба на комплетно нови погони. Се бетонираат темелите и очекуваме дека во мај ќе се постават и бетонираат и челичните столбови и во разумен рок од околу осум месеци системот за отпрашување ќе може да овозможи прочистување на околу 50 отсто од капацитетот на Југохром - изјави Скендеровски.

Тој изрази надеж дека Министереството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и Владата ќе им овозможат да вклучат дел од печките паралелно со изградбата на станицата.

  • Овој период од годината и постојните атмосферски услови дозволуваат Југохром да работи и затоа се надеваме на позитивен одговор од надлежните - рече  Скендеровски.

Тој посочи дека од 1 март поради големите трошоци околу 600 работници се привремено отпуштени, но најави нивно враќање на работа веднаш штом ќе добијат дозвола за рестартирање.

  • Сега во мометот на работа се здржани од 100 до 120 работници за одржување на оној минимум за машините и опремата. Од затворањето на Југохром во ноември до март додека сите работници беа на платен список само за плати се одвоени околу еден милион евра без никаков оставрен промет. Поради овие високи трошоци моравме да го отпуштиме поголемиот дел од вработените. Тие веднаш по повторното вклучување на печките ќе бидат ангажирани - рече Скендеровски.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS