mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

По Кочанска загадена и Оризарска река

По Кочанска загадена и Оризарска река

Типографија

По загадувањето на Кочанска река кај село Горни Подлог со непозната материја со лош мирис, забележано е загадување и на Оризарска река кај село Грдовци.

Директорот на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани, Николчо Гоцевски, вели дека земјоделци од село Грдовци веќе се пожалиле на загадените води на Оризарска река кои се со зелена боја и со тежок мирис, и создаваат проблеми при полнењето на нивите за сеидба на оризот.

Жителите на Грдовци протестираат за неможноста своите ниви да ги  наполнат со чиста проточна вода и бараат одговор од  надлежните републички органи за тоа кој ги загадува водите на Кочанска и Оризарска река.

Инаку Водостопснтво „Брегалница“ од Кочани на почетокот на сеидбата на оризот традиционално  ги користи водите од реките и водотеците во Кочанскиот регион, за да по првомајските празници биде пуштена за сеидба и водата од акомулациското езеро Калиманци.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS