mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

Фотоконкурсот на Екологист.мк продолжен до 25 мај

Фотоконкурсот на Екологист.мк продолжен до 25 мај

Типографија

Рокот за испраќање на фотографии на тема животна средина во рамките на фотоконкурсот на Екологист.мк продолжува до 25 мај.

До овој датум сите заинтересирани можат да поставуваат фотографии на нашата веб страница во двете категории Ѕид на срамот и Куќа на славните.

Фотографиите потребно е да прикажуваат примери на лоши и добри пракси во однесувањето на јавноста и индустријата кон животната средина. Сите објавени фотографии ќе бидат вклучени во конкурсот за избор на најдобра фотографија.

Конкурсот има обезбедено награден фонд од вкупно шест вредносни ваучери во висина од 200 евра. По истекување на крајниот рок евалуациската комисија ќе ги соопшти резултатите. Наградите на учесниците ќе им бидат доделени на завршната конференција на Проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ кој е финансиски поддржан од Европската Делегација во Скопје, а спроведуван од страна на ЦЕД Флорозон.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS