mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Две мали срни се чуваат во штипската зоолошка градина

Две мали срни се чуваат во штипската зоолошка градина

Типографија

Две младенчиња од срна се наоѓаат во зоолошката градина во Штип, информира локалното јавно претпријатие „Исар“. Едната била најдена во шума во Пијанечкиот регион, а другата се родила во самата градина.

Директорот на ЈП „Исар“ Ангел Бојаџиев вели дека вработените и посетителите се грижат за нив, особено за таа најдена во дивината.

  • Срничките се вистинска атракција. Најдената ја прихрануваме и е во добра здравствена состојба, а за срничката што се роди пред две недели направивме ново живеалиште во кое е заедно со мајката - рече Бојаџиев, и најави дека во наредниот период ќе се набават и нови животни во зоолошката.

Според него, условит за живот на животните се добри и сите вработени се ангажирани максимално. Влезот во зоолошката во Штип се` уште е слободен, а посетителите може да донираат пари за храна на животните.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS