mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Студија за алтернативна енергија во Зрновци

Студија за алтернативна енергија во Зрновци

Типографија

Фекална канализација, патишта, но и студија за искористување на алтернативните извори на енергија се направени во општината Зрновци со помош на ИПА програмата и на Бирото за рамномерен развој, информира градоначалникот Блаже Станков.

Комуналните проблеми се решаваат во селата Зрновци, Мородвис и Видовиште.

Станков нагласи дека е подготвената студија за искористување на алтернатините извори на енергија: сончевата, ветерот и водата, работена со општината Белица од Бугарија, во рамки на прекуграничната соработка. Студијата е готова и им овозможува на жителите на општината и на потенцијалните инвеститори да ги корситат местата посочени како алтернативни извори на енергија.

  • Од студијата очекуваме многу бидејќи со заедничка работа на нашите пријатели од општината Белица успеавме да добиеме значаен документ кој ке влијае на развојот на општината на еколошки и на енергетски план - рече градоначалникот.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS