mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Зрновци ќе користи алтернативна енергија

Зрновци ќе користи алтернативна енергија

Типографија

Општината Зрновци подготви студија за искористување на алтернативните извори на енергија од сонцето, ветерот и водата, која е работена со општината Белица од Република Бугарија, во рамки на прекуграничната соработка.

Студијата во која се инвестирани вкупно 96 илјади евра од кои 40 илјади евра се наменети за општина Зрновци е готова, и им овозможува на жителите на општината и на потенцијалните инвеститори да ги користат местата што се посочени како алтернативни извори на енергија.

  • Од студијата очекуваме многу, бидејќи со заедничка работа на нашите пријатели од општина Белица успеавме да добиеме значаен документ кој ќе влијае на развојот на општината на еколошки и енергетски план. Општината планира за потребите на водоснабдителниот систем да инсталира мала хидроцентрала со капацитет од 10 КВ, со што ќе се искористи водниот потенцијал на Зрновска река, а општината би добила бесплатна електрична енергија. Досегашното искористување на електричната енергија за пумпите од системот ќе биде заменета со електрична енергија од сопствено призводство - изјави Блаже Станков, градоначалник на Зрновци.

Сончевата енергија во општината веќе се користи во Основното училиште „Синиша Стоилов“ каде што се инсталирани сончеви панели со што водата се загрева и се користи за затоплување на спортската сала и на четири училници. Овој проект е на општина Зрновци со финансиска подршка од ГЕФ Фондацијата во висина од 28 илјади долари. Општината и училиштето прават напори рационално искористување на сончевата енергија за затоплување и на останатите простории во училишната зграда.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS