Во неколку дебарски погранични села диви животни направиле штета во земјоделските посеви.
- Станува збор за чопор од диви свињи и мечка. Мечката е заштитена, а другиот дивеч не можеме да го застрлуваме зашто не е ловна сезона. Доколку не се преземе нешто целиот труд ќе ни биде за бадијала - вели Дилавер Дема, од селото Коњаре.
Тој додава дека сопственици на земјоделски посеви, со пченка и градинарски култури, во атарите на ова, како и селата Спас, Селокуќи, Шулан, кои се во близина на македонско албанската граница, имале средба со дебарскиот градоначалник Ружди Љата и со Началникот на граничната полиција, Регионален центар-Запад, Џелал Љата. На средбата, надлежните ветиле соодветни мерки за заштита од дивечот.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS