mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Неавтохтоните риби во Дојранското Езеро не биле опасни за луѓето

Неавтохтоните риби во Дојранско Езеро не биле опасни за луѓето

Типографија

Прелиминарните истражувања на пронајдените примероци риба во Дојранското Езеро покажуваат дека станува збор за неавтохтон вид на риба што досега не е сретнат во езерото, кој што најмногу се храни со растителниот дел и не претставува опасност за луѓето.

Тоа беше посочено по состанокот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на кој присуствуваа заменик-министерот Ванчо Костадиновски, градоначалникот на Дојран, претставници од Хидробиолошкиот завод од Охрид, Земјоделскиот инспекторат, Институтот за сточарство и стручни лица и експерт од Факултетот за земјоделство.

За каков вид риба точно станува збор ќе треба да покажат дополнителните испитувања, договорени со стручни лица за генетика при Факултетот за земјоделски науки.

Директорката на Институтот за сточарство Родне Настова, рече дека од концесионерот на Дојранско Езеро било доставено барање и примерок на риба што досега не е својствен за езерото.

  • Прелиминарните истражувања на овој вид на риба покажуваат дека се работи за неавтохтон вид што досега не е сретнат во езерото. Утврдено е дека овој вид на риба не е опасен за луѓето и капачите во Дојранско Езеро, затоа што овој вид на риба најмногу го конзумира фитопланктонот, односно се храни со растителниот дел во езерото, и нема место за паника - изјави Настова.

Зоран Спирковски од Хидробиолошкиот институт во Охрид, рече дека станува збор за риба многу блиска до пирана и потекнува од исто семејство.

  • Се хранат претежно со растителни продукти, но може да биде предатор на одредени други видови риби и од тој аспект прозилегува нејзиното штетно влијание во даден биотоп што не е нејзина природна животна средина. Таа е типична топловодна риба и евентуалните ниски температури нема да и одговараат на понатамошниот развој - рече Спирковски.

Според досегашните истражувања станува збор за два многу слични видови на риба, односно за „црвена пирана“ или „црвен паку“, за чие точно утврдување се потребни детални генетски истражувања.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS