mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Банка издава еко-штедни книшки

Банка издава еко-штедни книшки

Типографија

Про-кредит банка од Скопје најавува дека ќе издава еко-штедни книшки, како комплетирање на нејзината стратегија за придонес кон унапредувањето на животната средина.

Од банката соопштија дека досега доделиле повеќе од 26 милиони евра во кредити за еколошки проекти и дека и самите применуваат енергетски ефикасни решенија во својата мрежа, возат електрични автомобили и не кредитираат инвестиции што имаат негативно влијание врз животната средина.

Еколошкото штедење, како што нагласуваат од банката, треба да придонесе за да се креира еко-фонд со кој ќе може да се кредитираат уште повеќе проекти што би придонеле за намалување на емисиите на јаглерод-диоксид во воздухот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS