mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Едукативни вежби за преживување и спасување во природа во Охрид

Едукативни вежби за преживување и спасување во природа во Охрид

Типографија

Сојузот на извидници на Македонија заедно со националната Дирекција за заштита и спасување деновиве во Охрид спроведоа тренинг-семинар за преживување и спасување во природа.

На вежбите што се спроведуваа со поддршка на Иницијативата за подготвеност за катастрофи и превенција во Југоисточна Европа учествуваа 18 учесници од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Словенија и Турција.

На повеќе локации во околината на Охрид беа одржани интерактивни работилници и тренинзи, во насока на размена на искуства и знаења од областа на трагање, преживување и спасување во планини и непристапни терени.

Организаторите на настанот очекуваат активностите спроведени на терен да придонесат за дооформување и едукација на тимови што стручно и професионално и според меѓународни утврдени правила ќе можат успешно да извршуваат задачи за спасување и пронаоѓање на изгубени или настрадани лица во природата, информираат организаторите.

На тренингот зедоа учество и претставници од извидничкиот одред „Пионер“ од Охрид во улога на предавачи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS