mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

Повик до граѓанските организации во Македонија

Повик до граѓанските организации во Македонија

Типографија

Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ од Скопје и Организацијата на потрошувачи на Македонија“ од Скопје започнаа со реализацијата на проектот „Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода“ финансиран од европската унија.

Главна цел на проектот е да придонесе кон подобрување на вклученоста на граѓанскиот сектор во креирање, спроведување и мониторинг на водните политики.

Повикот се однесува на сите граѓански организации во Република Македонија кои работат на полето на заштита на животната средина и природните ресурси и организации кои ги застапуваат правата на потрошувачите.

Организациите кои ќе бидат избрани за учество во овој проект ќе имаат:

- пристап до информации поврзани со спроведувањето на проектот;

- можност да дадат придонес во проценката на состојбите и потребите на корисниците како и учество во креирањето на препораките за граѓанска застапеност и активно учество во делот на реформите во водните политики;

- можност за учество во активностите за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за соодветни техники и знаења поврзани со темите од областа на водните политики и потрошувачките права;

- можност за учество во креирање на националната хидро мрежа кој ке ги застапува правата и интересите на потрошувачите во Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во делот на давање водни услуги со можност за членување во истата;

- можност за учество во јавни дебати и промоција на проектот;

- Учество во четири дводневни тематски работилници (трошоците за превоз и сместување се покриени од страна на организаторот);

- учество во националната трибина (трошоците за превоз се покриени од страна на организаторот);

- можност за учество во националната хидро мрежа од граѓански организации, медиуми, приватен сектор и академската јавност;

- можност за поддршка во организацијата во спроведувањето на 5 јавни промотивни настани.

Начин на пријавување

Заинтересираните организации треба да ја пополнат пријавата за учество и да номинираат едно лице кое ќе учествува на сите модули и активности предвидени во рамки на проектот. Пријавите треба да се испратат на следните две е-mail адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 26.01.2018.

Претставниците на организациите кои ќе бидат избрани ќе бидат информирани до 01.02.2018 година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS