mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Средствата за субвенционирање печки на пелети се исцрпени

Средствата за субвенционирање печки на пелети се исцрпени

Типографија

По пристигнатите 260 барања и врз основа на првичната проверка на пристигнатите барања за доделување субвенции за купување печки на пелети средствата предвидени за оваа намена се исцрпени, информираат од Град Скопје.

Како што се наведува во соопштението на Град Скопје, комисија за спроведување на јавниот повик во наредниот период ја продолжува теренската проверка.

Буџетот за оваа намена изнесува 5.890.000 денари, а исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS