mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Фестивал на чајот „Tea world“ в сабота во Јавна соба

Фестивал на чајот „Tea world“ в сабота во Јавна соба

Типографија

„Tea world“ е мотото на Фестивалот на чај што во организација на МРК Дијалог во сабота ќе се одржи во Јавна соба во Скопје.

Во рамки на Фестивалот ќе има презентација и дегустација на чај, ќе се одржи ботаничка работилница „Хербариум“ организрана од Истражувачкото друштво на студенти биолози, ќе има Арт корнер „Алиса во земјата на чудата“ на Центарот за обука „ЕВА“, како и музички перформанс „Ишарет“.

Настанот, како што посочуваат организаторите, треба да ги здружи љубителите на чај и експертите од неколку компании за чај, претставници на интернационалните културни претставништва, од Институтот Конфуциј, како и од Турскиот културен центар Јунус Емре од Скопје.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS