mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Вкусот на Македонија - саем за традиционална и органска храна

Вкусот на Македонија - саем за традиционална и органска храна

Типографија

Традиционална и органска храна, зачини, чаеви, регионални алкохолни пијалоци, природна козметика и облека ќе се продаваат на саемот „Вкусот на Македонија“, кој од денеска до 13 ноември ќе се одржува во Скопје.

На саемот свои производи ќе продаваат 22 мали и средни бизниси од рурална Македонија. 

Саемот е организиран од шест локални акциони групи од рурална Македонија во партнерство со ТЦ Рамстор и со подршка од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија.

Локалните акциони групи се здруженија од граѓани сочинети од претставници на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од две до четири соседни рурални општини. Здруженијата се основани како дел од воведувањето на ЕУ Леадер пристапот за локален економски развој во руралните средини.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS