mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Планинска тура од Водно до Матка за планинари и велосипедисти

Планинска тура од Водно до Матка за планинари и велосипедисти

Типографија

Сите заинтересирани планинари и велосипедисти утре можат да се придружат на турата до Матка преку врвот на Водно како дел од редовните месечни активности на здружението за спорт и рекреација Прв до врв, овој пат за одбележување на Денот на ајварот.

Стартот за сите учесници е закажан во 8.30 часот пред училиштето Кочо Рацин. Патеката на движење на планинарите е преку врвот на Водно до Матка и е долга 18 километри, додека онаа за велосипедистите е до врвот па потоа преку селата Горно Нерези, Крушопек и Шишево до Матка, во должина од 50 километри (вклучувајќи го и враќањето до Скопје преку Сарај).

Враќањето во Скопје за планинарите е со редовната автобуска линија број 60 на ЈСП во 14.55 и во 16.25 часот.

На целта во Матка, ќе биде одбележан Денот на ајварот во послужување на сите учесници со традиционалниот македонски деликатес, ајварот, кој за оваа пригода го обезбеди производителот Мама ’с .

Се препорачува сите учесници да понесат облека, опрема и храна соодветна за овој дел од годината и за ден поминат во планина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS