mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Рециклираме и се наградуваме - акција во Ѓорче Петров

Рециклираме и се наградуваме - акција во Ѓорче Петров

Типографија

Општината Ѓорче Петров во соработка со компанијата „Елколект“ од денеска ќе почне да ја спроведува акцијата „Рециклираме и се наградуваме“.

Целта на акцијата е да се подигне јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на електронски отпад,  имајќи предвид дека овој отпад во себе има опасни материјали штетни за човекот, како и забраната да се фрла по контејнери заедно со комуналниот отпад.

Граѓаните, како што велат од општината, кои имаат неупотребливи електрични апарати, компјутери, монитори, телевозори и правосмукалки, својот опасен отпад може да го употребат за купон за учество во наградната игра.

Потенцијален добитник на една од трите награди Лап-топ ХП, Телевиизор „Хундаи“ лед и правосмикалка „Горење“, е секој полнолетен граѓанин кој за времетраењето на наградната игра ќе достави електричен или електронски отпад на локацијата каде е поставен црвениот еко-магацин на „Елколект“.

Во општината Ѓорче Петров, еко - магацините на „Елколект“ се поставени во дворот на општината и кај забавното игралиште пред мостот кон Волково, а отпадот може да биде оставен секоја сабота.

За секој поединечен апарат, учесникот ќе добие по еден купон, а пак одредени видови опрема како големи домашни апарати, опрема за информатичка технологија и телекомуникација, електричен и електронски алат носат и по два купона.

Акцијата почнува денеска, а извлекувањето на наградите е на 19-ти декември. Резултатите од извлекувањето ќе бидат објавени на веб страниците на „Елколект“ и општината Ѓорче Петров.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS