mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Милион дрвца се засадија во Скопје

Милион дрвца се засадија во Скопје

Типографија

На 165 локации во Скопје се засадија еден милион садници во рамките на акцијата „Денот на дрвото“ која се спроведува по 17-ти пат од 2008 година.

Според директорот на ЈП „Македонски шуми“ Жарко Караџовски, од 2008 година до сега по основ на акцијата „Ден на дрвото“ засадени се 36 милиони садници односно вкупно со редовните обврски на Македонски шуми посадени се 68 милиони садници или преку 35 илјади хектари.

  • Сите садници ги обезбедува Македонски шуми од своето редовно производство кое почнува од семе па се до садница, од едногодишни до четири годишни садници - вели Караџовски и нагласува дека услови за садење има се додека температурите не паднат до -15 степени или не падне некој голем снег.

Појасни дека пошумувањето почнува од 15 ноември па се додека не заврши процесот на вегетација на самото дрво.

Во однос на процентот на зафатеност на дрвјата Караџоски вели дека зависи од географската положба, или климатски услови, а највисок е во западниот дел на Македонија.

Во однос на годината од спроведување на акцијата највисок процент на зафатеност на дрвцата бил во 2009 година кога била влажна година, а најнизок бил во сушната 2013 година кој изнесувал 38 отсто. Од почетокот на акцијата до сега процентот на зафатеност на дрвцата во Македоија изнесува 45,6 отсто.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS