mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Ново зеленило и детско игралиште на просторот околу Зелен пазар во Центар

Ново зеленило и детско игралиште на просторот околу Зелен пазар во Центар

Типографија

Делот во строгото централно подрачје околу Зелен пазар на потегот од булевар 11 Октомври до улица Македонија доби нов изглед и е комплетно хортикултурно уредена.

Локацијата се протега на површина од 8.000 метри квадратни и ги опфаќа зелените површини околу станбените блокови.

Како што соопштуваат од општина Центар, се работи за специфичен простор каде што дневно циркулираат огромен број граѓани. Засадени се околу 2.300 садници, дел од нив зимзелени садници, зимзелени и листопадни грмушки и зимзелени покривачи, групирани во алпинетуми или во бордури како зелени огради покрај патеките.

Полевањето се изведува со автоматски систем за полевање, приклучен на хидрантската парковска мрежа.

Од општината информираат дека на површина од 170 метри квадратни се гради и ново современо игралиште со модерни дрвени детски рекзвизити.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS