mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Тегли со чист планински воздух се делеа во Скопје (видео)

Тегли со чист планински воздух се делеа во Скопје (видео)

Типографија

Во рамки на кампањата „Мрдни со прст“ педесетина граѓани се организираа и делеа тегли со чист планински воздух на случајните минувачи на плоштад Македонија, со цел да ја подигнат свесноста за загадувањето на воздухот во Скопје.
На акцијата им се приклучија и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и организацијата Go Green - Биди зелен.
Проблемот со загадениот воздух во Скопје беше еден од најпријавуваните од страна на граѓаните на мапата на веб-страната www.mrdnisoprst.mk, која во последниов месец прими повеќе од стотина пријави за различни проблеми на различни локации низ целата земја, се наведува во соопштението од „Мрдни со прст“.
Некои од проблемите кои биле пријавувани од страна на граѓаните се поддржани во рамки на кампањата „Мрдни со прст“, преку разни акции кои се реализираа во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и локалните граѓански иницијативни во градовите низ земјава. Така, во рамките на кампањата, во Скопје беше успешно организирана акција за чистење на отпадоците околу Скопскиот Аквадукт, во Струга беа поставени рачно нацртани корпи за отпадоци во Паркот на поезијата, а во Охрид имаше улична театарска акција преку која младите побараа да има повеќе културни настани.
Кампањата „Мрдни со прст“ има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.
Секој кој сака да се пријави за следните акции или да пријави проблем може тоа да го направи преку веб страната www.mrdnisoprst.mk или na Фејсбук страната www.facebook.com/MrdniSoPrst.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS