mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Пролетно чистење во општина Ѓорче Петров

Пролетно чистење во општина Ѓорче Петров

Типографија

Општина Ѓорче Петров ќе спроведе пролетно чистење со кое ќе бидат опфатени зелени површини, санирање ударни дупки, кастрење дрва, расчистување диви депонии, миење и хоризонтално обележување улици.

Пролетната акција, како што информираат од општина Ѓорче Петров, ќе почне од понеделеник 13 март, а ќе трае во текот на целата недела.

ЈП „Паркови и зеленило“ ќе работи на кастрење на крошните на дрвјата, сечење на суви дрвја, садење на цвеќиња и садници на јавните површини, во реонскиот парк, хортикултурно уредување на дворовите во училиштата и градинките, додека ЈП „Комунална хигиена“ ќе врши чистење и миење на улиците, како и замена на оштетените контејнери.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ ќе работат на чистење и поправка на сливници, отстранување на дефекти во водоводната мрежа, како и санирање на прекопи, а од ЈП „Улици и патишта“ ќе вршат санација на улиците, како и на подобрување на хоризонталната и вертикалната сигнализација. ЈСП Скопје ќе работат на чистење на автобуските постојки и просторот околу нив.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS