Општина Карпош во соработка со „Нула Отпад“ од Скопје овој месец ја продолжува големата акција за собирање на отпадната електрична и електронска опрема.
Преку оваа акција, според градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски се помага во отстранувањето на отпадната електрична и електронска опрема директно од домовите на граѓаните.
- Општина Карпош организира собирање на електричниот и електронскиот отпад и тоа од домаќинствата на граѓаните на нашата општина. Минатата година се собра ваков отпад во количина од 4,5 тона. Акцијата ќе трае цел месец и сакаме да ги опфатиме сите граѓани кои поседуваат ваков отпад - рече Јакимовски.
Граѓаните можат да се пријавуваат во урбаните заедници, каде што ќе ги остават своите контакт податоци како и видот и количината на отпадот што го поседуваат. Согласно евидентниот лист од секоја урбана заедница, колективниот постапувач „Нула отпад“ во договор со пријавените граѓани, ќе спроведе бесплатно подигнување на отпадот од домовите, а со помош и во соработка со работници обезбедени од Општина Карпош.