mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Волци нападнале домашни животни во Нерези

Волци нападнале домашни животни во Нерези

Типографија

Во населбата Средно Нерези во Скопје синоќа волци влегле во дворови на жителите и задавиле едно домашно куче-загар, а во соседниот двор убиле и изеле една коза, соопшти денеска општината Карпош.

Жителите на Нерези забележале голем црн волк кој ги нападнал и куќите од Горно Нерези и предизвикал паника меѓу животните и жителите на овие населби. Општината Карпош ги предупредува граѓаните на крајна внимателност и да се воздржат од ноќни прошетки по Водно. Ова не е прв пат волци од планината Водно да се спуштаат и да напаѓаат домашни животни меѓу жителите, стои во соопштението.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS