Граѓаните на населбата Тафталиџе утре (понеделник, 29 август) ги организираат првите тафталиџански маалски муабети, како продолжение на нивната борба за одбрана на паркот на улицата Букурешка.
- По повеќенеделно макотрпно бранење на паркот, решивме овој пат да одржиме настан кој ќе го покаже Тафталиџе 1 во својот полн потенцијал и ќе го поттикне маалското живеење и интеракција кои ни се потребни за да го зачуваме јавниот интерес на населбата - се вели во поканата објавена на фејсбук-страницата Зелено Тафталиџе.
Програмата се состои од музички дел за кој ќе се погрижат нивните соседи Beta House и DJ Irie Scratch. Ќе се одржи трибина насловена „Маалски Муабети“, на која соседите ќе можат да си ги искажат своите проблеми и предлози за унапредување на урбаното живеење во нашата населба. Ќе заврши со изложбата „Тафталиџе низ генерациите“ на која ќе бидат претставени фотографии од настанувањето на наслбата па се` до денес. На настанот ќе бидат претставени и следните чекори на иницијативта Зелено Тафталиџе за зачувување на паркот.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS