mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

За разлика од Франција, Чешка нема да ја забрани пластиката

За разлика од Франција, Чешка нема да ја забрани пластиката

Типографија

Чешка не планира да преземе исти чекори како и Франција, која ги забрани најлон кесите и пластичните садови за една употреба, информираше министерот за животна средина Рихард Брабец.

Брабец изјави дека тоа ќе се реши со планираните Измени и дополнувања на Законот за пакување, со кои се укинува досегашната пракса за добивање бесплатни најлон кеси при купувањето во продавниците и со нивното донесување кесите ќе се наплаќаат.

  • Мерката на Франција ме изненади. Ние сме убедени дека планираните измени ќе бидат доволни и не планираме ништо друго - изјави за локалните медиуми министерот.

Со неговото мислење се согласуваат и пратениците од Комисијата за животна средина.

  • Ги разбирам причините поради кои Франција се одлучила на тоа, но тоа ми се чини како претерана реакција - оцени пратеникот Михал Кучера.
    Потпретседателот на Комисијата Вацлав Земек смета дека „луѓето не треба да се тераат на ништо туку потребна е еколошка едукација и разредување на отпадот“.

Законот, кој пред неколку дена го донесе Франција, а ќе важи од 2020 година, предвидува сите пластични чаши, прибори и чинии за една употреба, да бидат изработени од материјал од биолошко потекло. Претходно, земјата ги забрани најлон кесите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет