mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Тајфунот Меги навлезе во Кина, откако одзеде четири животи во Тајван

Тајфунот Меги навлезе во Кина, откако одзеде четири животи во Тајван

Типографија

Тајфунот Меги влезе во источна Кина, откако вчера направи големи штети во Тајван, при што починаа четири лица и повредени се 260 луѓе.

Меги ослабна до тропска бура, кога стигна до крајбрежниот град Чангџоу во провинцијата Фуцзјан, придружен со ветрови со брзина до 118 километри на час, соопшти кинескиот метеоролошки центар.

Засега нема податоци за жртви и повредени лица во Кина. Во Тајван тајфунот донесе поројни дождови и силни ветрови со брзина од 162 километри на час. Властите го зголемија степенот на тревога поради опасност од свлечишта и поплави.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет