mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

ОН ги повикува земјите да престанат со продавање на слонова коска

ОН ги повикува земјите да престанат со продавање на слонова коска

Типографија

Обединетите нации повикаа на затворање на сите легални домашните пазари на слонова коска.

Земјите-членки на Конвенцијата на ОН за меѓународна трговија со загрозени видови, позната како CITES, се согласија за резолуција со која се повикува на законските, регулаторните и спроведување на мерки кои треба да се преземат за да се затворат и легалните домашни пазари за слонова коска од целиот свет.

  • Денес видов еден историски момент кон справувањето со нелегалната трговија со слонова коска, тоа што го убива 20 до 30 илјади африкански слонови секоја година - вели Хедер Шол, главен советник во Светскиот фонд за дивиот свет (WWF) во Велика Британија.

Во Африка бројот на слонови се намалил за околу 20 отсто во периодот од 2006 до 2015 година, се вели во извештајот на Меѓународната унија за заштита на природата . Резолуцијата не е правно обврзувачка, но со неа може само да се изврши притисок врз земјите да ги затворат трговиите со слонова коска, затоа што конвенцијата ја регулира само меѓународната трговија, а не и домашната трговија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет