mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Соларните панели најдобро одат со домати

Соларните панели најдобро одат со домати

Типографија

Соларни панели со домати. Тоа е „плод“ на новата соработка меѓу компанијата за соларна енергија SunPower и Универзитетот на Калифорнија во Дејвис.

Станува збор за нов експеримент на "соживот на една земја", кој има за цел да утврди кои земјоделски култури може да се одгледуваат добро во просторот меѓу редовите од соларни панели. Компанијата, која се залага за иновативни решенија под заеднички проект "Оаза", и универзитетските научници тестираат одгледување домати и пиперки на терен со соларни панели.

Оваа комбинација всушност може да биде потенцијално решение на проблем со кој допрва ќе треба да се справуваме - дефицит на слободна земја. Со експанзијата на соларната индустрија, потребата за земјиште е се поголема и соларните централи се во конфликт со околината и со просторот на кој се градат. Во моментов тоа е истовремено економски и еколошки проблем на многу места.

Федералните власти на САД почесто дозволуваат изградба на нови соларни инсталации на неискористени и диви јавни површини. Но ако соживотот меѓу сончевите панели и некои земјоделски култури се покаже како успешен, тогаш ќе може да се изградат и поголеми соларни паркови.

Всушност земјоделците се едни од првите корисници на соларни технологии. Ако ова ново истражување покаже дека земјоделците можат да произведуваат електрична енергија, без да мора да се откажуваат од земјоделство, најверојатно ќе се отвори и повеќе простор за изградба на нови соларни проекти. Тоа е и добра перспектива за земјоделците кои така ќе  можат да се обезбедат финансиски за годините во кои жетвата нема да им биде добра.

Ако соларна енергија стане главен извор на енергија во САД и воопшто во светот, веројатно ќе биде императив таа да не им пречи растенија и животни, коментираат од компанијата. А за да биде успешен тој соживот, соларните проекти веројатно ќе треба да бидат со различен дизајн, и допрва ќе се бара вистинскиот баланс.


BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет