mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Нова надеж за добивањето енергија од морските бранови

Нова надеж за добивањето енергија од морските бранови

Типографија

Морските бранови се еден од најголемите потенцијални извори на чиста енергија во светот, со која би можело да се обезбеди напојување за милиони домаќинства.

Но иако првите експерименти за добивање енергија на овој начин биле направени пред повеќе од еден век, се уште е тешко да се најде начин како таа да се претвори во струја и да се искористи.Научници од САД работат на нов голем експеримент на брегот покрај сојузната држава Мериленд, барајќи начини како да ја зголемат ефикасноста на овој процес.

Истражувањето го вршат во резервоар долг 120 и широк 80 метри, кој собира над 45 илјади кубни метри вода. Се тестираат различни начини на користењето на конверторите на енергијата од брановите.

  • Нашата цел е да ја подобриме економската исплатливост на овие направи. За да го постигнеме тоа, треба да го зголемиме количеството енергија што конверторите го собираат. Исто така, важно е да најдеме начини како да ги намалиме штетите од лошите временски услови врз нив, за да имаат подолг работен век - вели Рајан Ко, еден од водачите на проектот.

Тој додава дека првичните истражувања покажале дека со подобра контрола на конверторите, тие може да го зголемат својот капацитет за апсорбирање енергија за дури 300 отсто. Но следниот голем предизвик е по моделот на овие експериментални направи да се изградат големи конвертори што би биле ставени во морето.

 

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет