mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Во 2015 година имало најголемо загадување кое продолжува да трае

Во 2015 година имало најголемо загадување кое продолжува да трае

Типографија

Воздухот никогаш не бил позагаден со јаглерод диоксид, главниот гас со ефект на стаклена градина, отколку во 2015 година.

Тогаш неговото просечно рекордно ниво во атмосферата  ја надминало симболичната граница, се наведува во извештајот на Светската метеоролошка организација.

  • Концентрацијата на јаглерод диоксид и претходно ја достигнувала горната граница на некои локации и само во некои месеци во годината, но никогаш до сега тоа не било на светско ниво и во текот на целата година - соопштуваат од Светската метеоролошка организација во својот годишен извештај за гасовите со ефект на стаклена градина за 2015 година.

Организацијата смета дека јаглерод диоксидот е „проблем број еден“  затоа што се задржува илјадници години во атмосферата и уште подолго во океаните.

Извештајот е објавен пред да почнат преговорите за климатските промени кои ќе се одржат во Маракеш од 7 до 18 ноември.

Според извештајот за состојбата со климата во кој учествувале 450 научници од целиот свет, кога станува збор за концентрациите на јаглерод диоксидот во воздухот во 2015година има зголемување во однос на 2014 година.

Тенденцијата на пораст ќе продолжи и во 2016 година, наведуваат од организацијата врз основа на информациите од најстарата станица за мерење на гасови со ефект на стаклена градина која се наоѓа на Хаваи. Според наодите од таа станица концентрацијата на јаглерод диоксид ќе остане над горната граница во текот на целата оваа година и нема да се спушти под тоа ниво и во наредните години.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет