mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Земјотреси во Чиле и Индонезија

Типографија

Земјотреси беа регистрирани во Чиле и на бреговите на Индонезија.

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени по Рихтеровата скала е регистриран во близина на брегот на Чиле.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од околу 15 километри во Тихиот Океан и истиот е локализиран на 88 километри западно од градот Сан Антонио.

Нема податоци за настрадани или за причинета штета. Не беше прогласена ни опасност од цунами. 

Земјотрес, пак, со интензитет од 5,3 степени по Рихтеровата скала е регистриран во западниот, индонезиски дел на островот Нова Гвинеја, информира геофизичкиот институт на САД.

Епицентарот на потресот бил на 75 километри северно од градот Џајапура, на длабочина од 10 километри. Нема информации за повредени или причинета материјална штета.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет