mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Мароко со план како Африка да се справи со климатските промени

Мароко со план како Африка да се справи со климатските промени

Типографија

Како земја-домаќин на 22-та климатска конференција, Мароко поведува иницијатива да го сврти вниманието кон Африка и кон нејзините предизвици да се справи со климатските промени.

Дејствувајќи како застапник на африканските држави, оваа зермја се обидува во центарот на разговорите да ги стави последиците од неповолните временски услови врз земјоделството на континентот. Нестабилното водоснабдување, деградацијата на почвата, растот на температурите и обесшумувањето се големи проблеми со кои се сооќува Африка. Ова особено важи за областа Сахел, јужно од Сахара, која ги вклучува Чад, Нигер, Мали и други земји. Тие се соочуваат со уништувачки суши на неколку години уште од 1980-тите, што ги намалува приносите од жетвите и го загрозува снабдувањето со храна. Во 2010 година дури седум милиони луѓе во Сахел беа во ризик од глад и им беше потребна помош од хуманитарните организации.

Состојбата се очекува да стане уште полоша, според истражувањата. До 2090 година се очекува дека околу 60 отсто од површините на кои се сади грав веќе нема да бидат поволни за  тоа. Јужна и Источна Африка исто така се соочуваат со катастрофални суши.

Мароко на конференцијата го претстави планот ААА, или Адаптација на африканското земјоделство. Иницијативата предвидува мерки како подобрено управување со почвата, водата и наводнувањето, подобра временска прогноза и подобрени програми за осигурување на земјоделците што ќе бидат погодени од сушата. Иако имало критики дека дел од документот се поклопува со програмите што веќе ги изготвила Панафриканската унија, властите во Мароко веруваат дека нивната иницијатива ќе може да привлече дел од 100-те милијарди долари ветени на историскиот климатски самит во Париз минатата година, за помош на земјите во развој дасе справат со климатските промени.

  • Треба да ги претвориме големите идеи напишани во западните канцеларии во нешто што навистина ќе ги промени животите на малите фармери. Ни требаат прагматични одговори, како проекти за наводнување, оази за развој, подобрен пристап до ѓубрива и до финансирање - вели мароканскиот министер за земјоделство и рибарство, Азиз Акануч.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет