mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

Победата на Трамп носи грижи во борбата со климатските промени

Победата на Трамп носи грижи во борбата со климатските промени

Типографија

Изборот на човек што го нарекува глобалното затоплување „измама“ за претседател на САД ги загрижи екологистите и научниците, кои се прашуваат дали Америка повторно ќе се повлече од меѓународен договор за климата.

Неколкумина научници предупредиле дека Земјата може да достигне опасни нивоа на затоплување ако новоизбраниот претседател Доналд Трамп ги исполни своите ветувања и ги укине политиките на Барак Обама во врска со климата. Многумина на самитот на ОН што се одржува во Мароко се согласуваат дека остатокот од светот треба да ги преземе работите во свои раце и да ги намали емисиите на јаглерод диоксид. Други, пак, се надеваат дека Трамп ќе го смени својот став и ќе ги почитува обврските на САД преземени со Парискиот климатски договор.

  • Сега кога изборната кампања заврши и кога реалноста на лидерството настапува, очекувам дека ќе сфати дека климатските промени се закана за неговиот народ и за цели држави што ги делат морињата со САД, како мојата - вели претседателката на Маршалските острови Хилда Хајне.

Досега договорот го ратификувале повеќе од 100 земји, вклучувајќи ги и САД, кои се обврзале да ги намалат своите емисии на штетни гасови , како и да им помогнат на другите земји да се приспособат на последиците.

  • Сигурен сум дека остатокот од светот ќе продолжи да работи на ова поле - вели мароканскиот главен преговарач Азиз Мекуар.

Некои научници, пак, како Дана Фишер од Универзитетот во Мериленд, сметаат дека изборот на Трамп е катастрофа за планетата.

Во времето на претседателот Џорџ Буш, САД одбија да се приклучат кон претходниот климатски договор, протоколот од Кјото во 1997 година, што драстично ги намали ефектите од него. За разлика од тоа, борбата со климатските промени беше еден од приоритетите на Барак Обама. Затоа сега постои загриженост дека Трамп би можел да сврти друга страница. Тој на конференција во Северна Дакота изјавил дека планира да ја заживее индустријата за производство на јаглен и да го укине финансирањето проекти за борба против глобалното затоплување.

САД се најголемата економија во светот и вториот најголем емитер на јаглерод-д иоксид. Затоа се смета дека без нивното активно учество, ќе биде невозможно да се постигнат целите од климатскиот договор во Париз.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет