mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Затворени училиштата во Техеран поради загадување на воздухот

Затворени училиштата во Техеран поради загадување на воздухот

Типографија

Техеранските власти денеска ги затворија училиштата и градинките, поради високото ниво на загаденост на воздухот измерено во главниот град на Иран.

Густ смог вчера го прекри градот, блокирајќи го погледот од планините, кои се наоѓаат на неговите северни краеви и принудувајќи голем број од неговите 14 милиони жители да останат во домовите.

Нивото на отровни честички ПМ2,5 во воздухот денеска достигна 156, што е повеќе од три пати повисоко од она кое Светската здравствена организација го смета за безбедно.

  • Градинките и основните училишта се затворени во понеделникот во Техеран и во повеќето градови на покраината - соопшти Министерството за образование.

Властите воведоа и сообраќајни ограничувања за автомобилите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет