mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Германија ќе ја крие живината од „птичјиот грип“ во затворени простории

Германија ќе ја крие живината од „птичјиот грип“ во затворени простории

Типографија

Германската Влада планира да им нареди на сите фармери да ја држат живината во затворени простории, поради опасноста од проширување на новата зараза на вирусот на птичјиот грип, кој повторно се појави во земјата.

Според германскиот министер за земјоделство Кристијан Шмит тоа е една од можните мерки со која земјата ќе се бори против новата епидемија на птичји грип што ја зафати Германија.

Пред да биде донесена каква било одлука Германија ќе се консултира со членките на ЕУ, меѓу кои и со Холандија, Полска и Данска.

Новата епидемија на вирусот Х5Н8, познат како „птичји груп“, изминатиов викендов беше прогласена во Германија и Швајцарија, а вирусот повторно е забележан и во Австрија, Унгарија, Полска, Холандија, Данска и Хрватска.

Во Брисел на оваа тема ќе разговараат и министрите за земјоделство на земјите членки на ЕУ.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет