mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Виетнам заплени 619 килограми слонова коска

Виетнам заплени 619 килограми слонова коска

Типографија

Виетнамските власти заплениле 619 килограми слонова коска која е нелегално транспортирана од Африка.

Слоновата коска била сокриена во два контејнера кои се испорачани во пристаништето Кат Лаи, во градот Хо Ши Мин. Шверцерите со оваа пратка користеле пософистицирана техника.

Новото запленување на слоновата коска се случува само една недела откако лидерите и високи функционери од повеќе од 40 земји имаа меѓународна конференција за илегалната трговија со диви животни.

Виетнам е една од најголемите транзитни точки на светот и потрошувач на слонова коска и рогови од носорог.

Слоновата коска во Виетнам се користи за украси и накит, а роговите погрешно се сметаат како лек за рак.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет