mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Швајцарците се против предлогот за забрзано откажување од нуклеарна енергија

Швајцарците се против предлогот за забрзано откажување од нуклеарна енергија

Типографија

Швајцарците на референдум го отфрлија предлог за забрзано откажување на државата од користење нуклеарна енергија.

Мнозинство гласаа против тој план. Според проекции на телевизијата СРФ, против таа иницијатива биле 55 отсто избирачи додека за неа гласале 45 отсто.

Според швајцарскиот систем за успех на референдумот беше потребно мнозинство кантони да гласаат за него, но и гласови од избирачите.

Планот за откажување од нуклеарна енергија промовиран од Зелената партија предвидуваше до 2029 година да биде затворена и последната од петте швајцарски нуклеарки кои моментно обезбедува 40 отсто од електричната енергија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет