mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Тринаесет лица загинаа во шумски пожар во Тенеси

Тринаесет лица загинаа во шумски пожар во Тенеси

Типографија

Тринаесет лица загинаа во шумски пожар, кој беснее неколку дена во близина на градот Гатлинберг во сојузната американска држава Тенеси.

Дванаесет од жртвите се директно поврзани со огнената стихија, а 13-та починала од срцев удар, бегајќи од огнот, изјави претставник на властите.

Тој додаде дека 86 лица добиле медицинска помош поради повредите, со кои се здобиле во пожарот.

Над илјада згради изгореле или се оштетени и продолжува потрагата по евентуални нови жртви.

Агенцијата за вонредни состојби предупреди дека Тенеси и натаму е под закана од нови пожари поради сушата која и натаму трае.

На почетокот на неделата пожар избувна во националниот парк Грејт Смоуки и брзо се прошири поради силните ветрови со брзина од 140 километри на час. Оттогаш пет торнада исто така помогнаа во разгорувањето на огнот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет