mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Националниот парк Јелоустоун дава 900 бизони за ловење

Националниот парк Јелоустоун дава 900 бизони за ловење

Типографија

Познатиот американски национален парк Јелоустоун планира да го намали своето стадо бизони за 900 грла оваа зима.

Според планот, околу 900 животни што излегуваат надвор од границите на паркот во државата Монтана ќе бидат дозволени за лов, или ќе им бидат дадени на домородните американци за да се снабдат со месо.

Ако планот се спроведе како што е предвиден, ова ќе биде едно од најголемите проретчувања на стадото бизони на Јелоустоун во последнава деценија.  Тоа сега брои околу 5.500 животни со што значително ја намалува предвидената бројка од 3.000.

Животните што излегуваат надвор од паркот во државните земјишта во Монтана ќе може да се ловат од лиценцирани спортски ловџии или од припадници на домородните Американци што имаат историски права на лов. Но повеќето ќе бидат фатени живи и ќе им бидат предадени на племињата за колење поради месото. Главниот ветеринар на Монтана , д-р Марти Залуски, рекол дека со челниците на паркот се договориле стадото да се намали за барем 900 единки.

Контроверзната програма на паркот за проретчување на стадото се спроведува со години. Нејзината цел е да се заштити популацијата на бизони од бруцелоза, бидејќи ако бројот на бизони се зголеми, тие почесто ќе излегуваат надвор од паркот и може да стапат во контакт со заболени говеда.  Сличен план бил донесен и минатата зима, но само мал број бизони го напуштиле паркот и станале достапни за лов. Поради тоа, годинава бројката достигнала рекордно ниво.

Бизоните се една од главните атракции на овој национален парк што се протега во државите  Вајоминг, Монтана и Ајдахо, а го посетуваат милиони туристи годишно.

Противниците на проретчувањето велат дека станува збор најголемото останато стадо чистокрвни северноамерикански бизони, кои порано ги имало десетици милиони низ целиот континент, и затоа не треба да се убиваат.

  • Последните диви бизони во земјата се прогонуваат поради злосторства што никогаш не ги извршиле - велат активистите за заштита.

Според нив, бизоните и елените во Јелоустоун развиле антитела за бруцелоза, и никогаш не било забележано болеста да се пренесе од бизон на крава дури и во местата каде што овие две животни заедно живеат.

  • Затоа, војната против бизоните нема врска со бруцелозата, туку со тревата и со тоа кој има право да ја пасе - додаваат тие.

Џеј Боднер од  Асоцијацијата на сточари на Монтана не се согласува со тоа.

  • Колку повеќе бизони има, толку повеќе тие го напуштаат паркот и ги доведуваат кравите во опасност од зарази - вели тој.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет