mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Во Париз забранет сообраќајот за половина автомобили

Во Париз забранет сообраќајот за половина автомобили

Типографија

Градските власти на Париз во борба со загадувањето привремено го забранија сообраќајот за половина автомобили и еден ден овозможија бесплатен јавен превоз.

Соочувајќи се со црвена фаза поради загадувањето градските власти велат дека тоа е голем ризик за здравјето на луѓето.

Властите велат дека временските услови и преголемата употреба на дизел горива придонесуваат за загаденост на воздухот. Поради тоа на еден ден може бесплатно да изнајмуваат велосипеди и електрични автомобили и да се користи метрото и автобусот.

Во градот денес е дозволено да возат само автомобилите со парни броеви на регистарските таблици.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет