Кон југоисточниот брег на Индија се наближува циклонот Вардах, кој властите го опишуваат како многу сериозна бура.
Циклонот се движи кон запад во Бенгалскиот залив и се очекува да стигне до Мадрас, главниот град на јужната држава Тамил Наду, како и во соседната Андра Прадеш.
Бурата почна со силенм дожд и ветрови кои корнеле дрва и далкуводи.
Националното тело за справување со катастрофи информираше дека брзината на ветрот била околу 140 километри на час, а „бурата“ била висока околу еден метар.
Вардах се очекува да слабее како што се движи кон запад.
Властите во Индија, поради ситуацијата, евакуираа десетици илјади луѓе од низинските области и ги затвори училишта и колеџите.