mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Топењето на арктичкиот мраз го намалува бројот на поларните мечки

Топењето на арктичкиот мраз го намалува бројот на поларните мечки

Типографија

Зголемувањето на температурите и топењето на мразот на Арктикот веројатно ќе го намали бројот на поларни мечки за една третина во текот на следните неколку децении.

Новите откритија од страна на универзитетски и државни истражувачи беа презентирани како дел од панел дискусијата за климатските влијанија врз живиот свет за време на состанокот на Американската геофизичка унија во Сан Франциско.

Поларните мечки сега ги има околу 26 илјади, но нивната популација се очекува да се намали на 8.600 животни во текот на следните 35 до 40 години, велат научниците.

  • Постои потенцијал за големо намалување на глобалната популација на поларните мечки во текот на следните три генерации. Тоа ќе биде резултат на загубата на мразот-  вели Кристин Лаидре, еколог на Универзитетот во Вашингтон.

Ерик Регехр од САД укажува дека во регионот северно од Алјаска бројот на поларни мечки  драстично е намален поради значителни загуби на мраз.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет