mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Близнаците мечки панди добија имиња

Близнаците мечки панди добија имиња

Типографија

Илјадници фанови на пандите од светот ги одбраа имињата  Ја Лун и Кси Лун за новите женки близнаци родени во зоолошката градина во Атланта.

Ја значи „домот“, Кси „среќен“ и Лун се однесува на мајката на меките црно-бели мечки, Лун Лун. Имињата на пандите беа објавени за 100 ден од раѓањето, според кинеската традиција.

Иако, Меѓународната унија за заштита на природата го намали статусот на џиновската панда во „ранлив“ од „загрозен“, сепак опстанокот на овој вид се уште зависи од програмите за конзервација.

Јa  Лун и Кси Лун се вториот сет на близнаци на Лун Лун и Јанг Јанг, и шести и седми потомок на парот.

Нивните постари браќа и сестри, машките Меи Лан и Кси Лан и женските Po и Лун Меи Меи и Хуан, живеат во истражувачката база за одгледување џиновски панди Ченгду во Кина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет