mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

Една третина од Кина дише загаден воздух

Една третина од Кина дише загаден воздух

Типографија

Повеќе од една десетина од површината на Кина е прекриена со прекумерно загаден воздух, а во 23 градови на северот од земјата е објавено највисоко ниво на загаденост, јави агенцијата Хсинхуа.

Четири дена по објавувањето на највисокото ниво на алармантност во Пекинг, кое ќе важи до среда, бројот на фини микрочестици (под 2,5 микрони) на еден кубен метар беше околу 200, што е помалку од очекуваното. Тоа е сепак, ниво осум пати повисоко од она кое го препорачува Светската здравствена организација.

Загадувањето на воздухот е особено високо во пристанишниот град Тјанџин, стотина километри источно од Пекинг, каде што, според националната телевизија, се откажани 180 летови. Заради магла се затворени и сите магистрални патишта во областа.

Болниците во градот пак, јавуваат за зголемен број пациенти со проблеми со респираторниот систем - кашлица, астма, трахеитис.

За главен загадувач на атмосферата во Кина се смета согорувањето на јаглен за добивање топлинска и електрична енергија.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет