mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Сингапурската поларна мечка се разладува пред роденденот

Сингапурската поларна мечка се разладува пред роденденот

Типографија

Почна петдневната роденденска прослава на 26-тиот роденден на Инука, поларната мечка во зоолошката градина во Сингапур.

Таа прво беше почестена со замрзната торта од лосос и од мелено телешко месо, прелиена со путер од кикирики.

Инука е родена во оваа тропска град-држава и е единствената поларна мечка во зоолошката градина. Управата на зоолошката соопшти дека овој роденден може да и биде последен, затоа што здравјето и било нарушено.

  • Може да живее уште неколку месеци, или најмногу една година - рекол Чен Вен-Хаур, заменик-директор на организацијата што ја управува градината.

Поларните мечки во заробеништво живеат до 30 години, а во дивината во просек од 15 до 18 години, соопштиле од зоолошката.

Повеќе од 50 луѓе дошле да ја видат мечката како ужива во својот роденденски оброк во климатизираната пештера, каде што наоѓа спас од високите температури во Сингапур, кои ретко се спуштаат под 30 Целзиусови степени.

Управата на зоолошката соопштила дека откако Инука ќе умре, веќе нема да носи арктички животни.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет